Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостување во утринската емисија „Здраво Македонијо“ на Канал 5 истакна дека политичарите кои беа на власт во последните 6-7 години јаваа на бранот на големи ветувања, но иако имаа сосема доволно време доколку имаат волја нешто да променат на подобро, ништо од тоа не се случи.

Тој како пример за тоа дека кога се има волја и знаење, работите може да се менуваат на подобро за многу кратко време, го спомна организирањето за вадење на лични документи од страна на новата постава во МВР.