Грчката Влада ќе ја преземе обновата на породилната болница во Мариупол што беше бомбардирана пред неколку дена, соопшти грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во неговата изјава по квадрилатералната средба со премиерите на Итаија, Шпанија и Португалија, јави дописничката на МИА од Атина.
Мицотакис на Твитер напиша дека Грција е подготвена да ја обнови болницата што е во градот- центар на грчко малцинство во Украина и „симбол на варварството на војната“.