Мицотакис денеска присуствуваше на состанокот на Светиот синод на ГПЦ, а по завршувањето, двете страни излегоа со заедничкото соопштение во кое велат дека „во одлична атмосфера на соработка се одржа историската посета на премиерот Киријакос Мицотакис, кој беше придружувана од министерката за образование и религија Ники Керамеос и заменик министерот под премиерот и владин портпарол Јанис Иконому“.
-Заедничка констатација на премиерот и неговото блаженство беше потребата да се покаже особено внимание и истрајност во општите напори за целосна вакцинација на населението, особено во областите каде што има слаба имунизациска покриеност. Беше препознаена и важноста на доследно почитување на мерките за превенција и заштита од коронавирусот, пишува во заедничкото соопштение на грчкиот премиер и светиот синод на ГПЦ.
Освен за пандемијата, на состанокот станало збор и за други теми поврзано со односите меѓу црквата и државата.