Мицотакис за денеска закажа владина седница, па така очекувањата беа дека реконструкцијата на Владата ќе биде соопштена или вчера или утрово за состанокот да биде со новиот состав.

Според информациите во Грција промените пред се ќе се однесуваат на позициите заменици- министри, а ќе бидат сменети или ротирани само неколку министри.

Шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, кој во моментите кога ќе биде соопштена реконструкцијата ќе биде на средба со Бујар Османи во Скопје, веројатно е дека ќе остане на неговата позиција, а промените што се споменуваат во медиумите во Грција, веројатно пред се ќе бидат поврзани со министрите и надлежните за справување со актуелните кризи, ако што се пожарите и пандемијата.