Откако пред само пред една недела, во Атина беше убиен еден навивач на АЕК, поради што потоа беше одложен дуелот меѓу грчкиот тим и Динамо Загреб, се разбија сите во Грција за навивачкото дивеење. На оваа тема денеска грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис имаше работен состанот со претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, по кој биле донесени одлуки со кои треба да се сопре или барем да се намали навивачкото дивеење во оваа земја. С

Освен Мицотакис и Чефеин на состанокот учествувале и министри, но и сопствениците на фудбалските грчки клубови Олимпијакос, Панатинаикос, АЕК и ПАОК, а премиерот Мицотакис најави дека сите навивачки ултрас здруженија ќе бидат затворени и ќе бидат заменети само со едно официјално здружение кое ќе делува под директива и надзор на секој клуб.

Доколку некои од Здруженија прават проблеми, тогаш на сцена треба да стапи полицијата. Доколку дивеењето продолжи, клубот чии ултраси прават проблеми може да биде исклучен од сите натпреварувања.