Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис предупреди вчера дека Грција ќе одржи трета тура избори ако во вториот круг на 25 јуни не се постигне апсолутно мнозинство за формирање еднопартиска влада, пренесува ЕРТ.

Вториот круг е закажан за 25 јуни, и иако неговата централно-десничарска партија Нова демократија води во сите анкети, апсолутното мнозинство може повторно да се пропушти.

Категорично отфрлив какво било партнерство со партии и фракции десно од Нова демократија, таквото сценарио [немање апсолутно мнозинство] ќе не доведе до избори во август […] да не се залажуваме, рече Мицотакис.

Грчката владејачка Нова демократија (ЕПП) триумфираше во првиот круг од изборите на 21 мај, но не успеа да добие апсолутно мнозинство што би го отворило патот за еднопартиска влада.

По пребројувањето на гласовите, конзервативната Нова демократија победи убедливо со 40,8% пред радикалната левичарска Сириза, која освои 20,1% од гласовите – речиси 12% помалку од 2019 година.

По првиот круг, пет партии успеаја да го поминат прагот од 3 отсто. Колку повеќе партии влегуваат во парламентот, толку потешко ќе му биде на Мицотакис да формира еднопартиска влада.

Сириза, од друга страна, се обидува да закрепне од тешкиот изборен пораз велејќи дека гласачите не треба да ѝ дадат супермоќ на Нова демократија туку да гласаат за левицата како „бедем во напредокот на неолибералните политики“.

Не им е доволно да победат на изборите; тие сакаат да имаат семоќ да можат сами да го менуваат Уставот и да ја приватизираат дури и водата, ништо да не остават под јавна контрола, изјави во вторникот лидерот на Сириза, Алексис Ципрас.

Ако освои апсоутно мнозинство на изборите на 25 јуни, како што покажуваат сегашните анкети, Мицотакис ветува различен кабинет кој ќе вклучува повеќе жени,

Новиот кабинет на Мицотакис, исто така, ќе биде поголем, бидејќи тој рече дека ќе создаде ново Министерство за демографија и станбена политика, истакнувајќи дека сегашното Министерство за труд е премногу нестручно.Тој рече и дека ќе го подели Министерството за инфраструктура и транспорт на два дела.