Со или без европски пари, изградбата на оградата кај Еврос ќе биде завршена, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на неговата денешна посета на атинска населба.
Мицотакис се осврна на изградбата на оградата на грчко- турската копнена граница, бидејќи, како што рече, европратеник од СИРИЗА, во ЕП поддржал амандман со кој се бара Европската Комисија да не ја финансира изградбата.
Европратеникот од СИРИЗА и потпретседател на Европскиот Парламент Димитрис Пападимулис вчера соопшти дека по изгласаниот амандман од неколку партии, ЕП кажал „гласно „не“ за обидот на одредени европски Влади, меѓу кои и на Грција, Австрија и Италија, да користат европски фондови за изградба на огради на надворешните граници на Унијата“.
Грчкиот премиер, како што самиот најави утре ќе биде во областа Еврос и ќе го попише договорот за проширување на оградата.
Министерот за цивилна заштита на Грција Такис Теодорикакос во интервјуто за телевизијата „Скај“, утрово истакна дека договорот е за изградба на дополнителни 35 километри и чини 100 милиони евра, износ веќе предвиден во државниот буџет.
Теодорикакос потенцираше дека завршувањето на изградбата на оградата во должина од 140 километри е „јасна одлука на премиерот“ и објасни дека веќе се завршени 37,5 километри.