Мицотакис во неговото излагање, како што информираат од неговиот кабинет, ја соопштил подготвеноста на Грција да помогне во проширувањето на иницијативата за зелени коридори, со цел непречена дистрибуција на неопходните добра меѓу Западен Балкан и ЕУ, со обезбедување помош на границите со С. Македонија и Албанија.

Грчкиот премиер, повторил дека „стратешкиот избор на Грција беше и останува европската перспектива на Западен Балкан, под познатите услови“.

Паралелно, ја истакнал и важност што Грција ја придава на Берлинскиот процес, кој суштински придонесува за општествено-економски развој и приближување на народите од регионот, како и за забрзување на интегративниот тек на Западен Балкан.

На состанокот, Мицотакис и останатите лидери од Берлинскиот процес, размениле мислења за актуелната ситуација и за регионалната соработка на Западен Балкан.

На Самитот учествуваше и премиерот на С. Македонија Зоран Заев.