–Денеска во 08:25 часот во СВР Куманово било пријавено дека во општа болница Куманово починало лице мигрант, со непознат идентитет. На 9 декември годинава на улицата „Никола Тесла“ во Куманово тој бил пронајден во бессознание и префрлен во општа болница Куманово за понатамошно лекување, соопшти кумановската полиција.
Екипа од СВР Куманово презема мерки за утврдување на идентитетот на починатото лице и расчистување на случајот.