Петтемина киднапирани имале илегално влезено во Грција, од каде што барале начин да го продолжат патувањето, најверојатно кон северна Европа.

Полицијата вчера ги лоцираше и ги спаси, а исто така ги уапси и наводните сторители на киднапирањето, млади луѓе, мигранти од Авганистан и Пакистан, меѓу нив и 16-годишник, пренесува Катимерини.

Грчката полиција исто така соопшти и дека киднаперите им наредиле на жртвите да контактираат со своите роднини и да им кажат да им префрлат пари, како услов за нивно ослободување.