Обидите се случиле доцна на 19 ноември во услови на пад на бројот на мигранти кои се обидуваат насилно да влезат во Полска од Белорусија.

-Странците беа агресивни. Фрлаа камења и огномет и употребија солзавец, се вели во соопштението на полицијата, во кое се додава дека најголемата група ја сочинувале 200 странци.

Полската полиција соопшти дека при еден обид за премин во близина на селото Старжина, белоруски војници фрлале камења кон полските граничари, полицајци и војници, што резултирало со оштетување на полициските автомобили.

Намалени обидите на мигрантите да влезат од Белорусија во Полска
ЕУ го обвинува белорускиот авторитарен владетел Алаксандар Лукашенко за приливот на мигранти и дека ги пренесува до границите на нејзините земји-членки Полска, Летонија и Литванија за да се одмазди за санкциите што блокот ги воведе поради сеопфатните репресии од минатогодишните спорни претседателски избори.

Белорусија негира дека ја поттикнува кризата. Зборувајќи за Би-Би-Си на 19 ноември, Лукашеко рече дека е „апсолутно можно“ неговите сили да им помогнале на луѓето да преминат во ЕУ, но негираше дека поканил илјадници мигранти главно од Блискиот Исток во Белорусија со цел да предизвикаат гранична криза.