На 18.04.2022 во 22:00 часот на регионалниот пат Штип – Кадрифаково, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип затекнале четири лица мигранти од Мароко.
Во 22.10 часот, пак, во с.Горобинци, светиниколско, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе затекнале девет лица мигранти од Пакистан, од кои 4 малолетници. Полициските службеници ги предале лицата во Транзитниот центар „Винојуг“ Гевгелија за понатамошна постапка.