Од МВР дадоа повеќе детали за настанот.
-Синоќа во 17.20 часот во близина на железничката станица во Криволак, полициски службеници од СВР Велес и ЕБР пронашле група од 13 лица – мигранти, сите од Пакистан. По приведувањето тие биле предадени во Прифатниот центар „Винојуг“ во Гевгелија, појаснија од МВР.