Регионалниот центар за гранични работи Југ поднесе кривична пријава против Х.Ѓ.(21) од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.
На 21.11.2022 кај место викано „Елград“ – Неготино, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „ауди“, со гевгелиски регистерски ознаки, управувано од пријавениот, при што пронашле осум мигранти од Сирија, од кои еден малолетник.