Во Полициското одделение Матејче, вчера, Ш.А.(42) од село Лојане, општина Липково, со привремена работа во Швајцарија, пријавил дека во неговата напуштена куќа престојувале мигранти.

– По извршена контрола од страна на полициски службеници од Полициското одделение Матејче, биле пронајдени шест мигранти од Пакистан, соопшти СВР Куманово.

СВР Куманово извршил увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.