На 28.08.2021 година во 20:50 часот во СВР Куманово, од Полициската станица Драчево било пријавено дека биле пронајдени шест лица мигранти на железничка пруга во Драчево.
По извршениот разговор со нив било констатирано дека во близина на Железничката станица во Куманово биле физички нападнати од три лица, исто така, мигранти, при што на едно од лицата му нанеле убодна рана од остар предмет и му одзеле пари.
СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот.