Поранешниот претседател на Советскиот Сојуз, Михаил Горбачов, почина на 92-годишна возраст по долго боледување, соопшти Централната клиничка болница, пренесе РИА Новости.
Михаил Горбачов беше политички лидер на Советскиот Сојуз од 1985 до 1991 година и генерален секретар на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз.
Тој беше награден со Нобеловата награда за мир во 1990 година.