Милан сериозно размислува за ангажман на капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк. Холандскиот дефанзивец би можел да пристигне на „Сан Сиро“ во летниот преоден рок во 2027 година како слободен играч, односно без плаќање на какво било обесштетување.
Договорот на 35-годишниот дефанзивец со Ливерпул истекува во јуни 2027 година, а засега нема постигнато согласност за продолжување на соработката. Ван Дајк наводно бара нов двегодишен договор, додека раководството на англискиот клуб сè уште не е подготвено да ги исполни неговите финансиски и временски барања.
Сопственикот на Милан, Џери Кардинале, е голем симпатизер на холандскиот репрезентативец, а интерес за негов ангажман покажува и советникот на клубот, Златан Ибрахимовиќ. Во италијанскиот клуб цврсто веруваат дека искуството и лидерските способности на Ван Дајк би биле значајно засилување за дефанзивната линија на тимот.
Сепак, италијанскиот гигант ќе се соочи со сериозна конкуренција, пред сè од клубови од Саудиска Арабија и Турција, каде што постои отворен интерес за дефанзивецот. Како дополнителен услов за реализација на овој трансфер во редовите на Милан би можело да биде и обезбедувањето сигурен пласман во Лигата на шампионите за следната натпреварувачка сезона.
