Според него, постапката не смееше ниту да почне и да биде водена ако се знае законот за амнестија кој е прогласен со Указ на претседателот Иванов. Според тој закон, се ослободуваат од кривично гонење лицата за кои постои сомневање дека сториле кривично дело со настаните во Собранието.
По сила на закон ова обвинение не смееше да ја здогледа светлоста на денот ,ниту пак да биде покренато.Не смее да има различен третман на различни лица за ист настан-потсети Миланов.