Народњаците ми одат на нерви, од нив ме болат коските, ама половина ХДЗ ја слуша таа музика, вели хрватскиот претседател Зоран Милановиќ.
Претседателот ова го кажа по повод одлуката на градоначалникот на Пула, Филип Зорчиќ, да ги забрани концертите на народна музика.
„Не ја сакам таа музика, никогаш не можев да ја поднесам. Јас не би ја бранел. Одлуката на градоначалникот на Пула е да не го дозволи, бидејќи таму ќе има жени“, рече Милановиќ.
Во Пула, меѓу другите, требаше да настапат и српските пејачи Ана Бекута и Драган Којиќ Кеба. Милановиќ потсети дека концертот на Марко Перковиќ Томпсон се одржал во Пула пред повеќе од десет години. Тој смета дека српските народни песни имаат своја публика и затоа не треба да се забрануваат. Градоначалникот на Пула рекол дека таков вид на музика не одговара на нивниот дух, менталитет и на нивното поднебје. Српските медиуми пишуваат дека градоначалникот не сака „српско ѓубре“.