Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, во средата во Њујорк разговараше со американскиот државен секретар Ентони Блинкен и рече дека очекува САД дополнително да ја поддржат Црна Гора во забрзувањето на нејзиниот европски пат, соопштија од кабинетот на Милатовиќ.
Според соопштението, Милатовиќ го информирал американскиот државен секретар за достигнувањата на Црна Гора во демократскиот развој.
„Соговорниците се осврнаа и на актуелните настани и предизвици на меѓународен план. Милатовиќ уште еднаш ја истакна важноста на стратешкото партнерство меѓу Црна Гора и САД“, соопштија од Кабинетот на претседателот на Црна Гора.
Uspjeh 🇺🇸 ekonomije je uspjeh svjetske ekonomije.
Bilo mi je zadovoljstvo da na poziv @MikeBloomberg prisustvujem događaju “Transition Finance Action Forum” tokom kojeg smo razgovarali o održivoj i inkluzivnoj ekonomiji.
1/2 pic.twitter.com/VcBUl5EQOX— Jakov Milatovic 🇲🇪🇪🇺 (@JakovMilatovic) September 19, 2023
Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, ја предводи делегацијата која учествува на Генералната дебата на 78. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации од 18 до 23 септември во Њујорк.