Очигледно сум се излажал за Заев, сум очекувал од него нешто што тој не знам дали сака или воопшто може да го постигне. Просто мислам дека, како беше пред да влеземе во студиото се спомна книгата на Милан Хундер, „Неподносливата леснотија на живеењето“, епа јас само еден збор би променил во насловот „Неподносливата леснотија на владеењето“. Мислам дека тој роман ние го живееме денес, истакна Владимир Милчин во „Само Интервју“ на Канал 5 ТВ.

Милчин додаде дека луѓето од Шарената револуција станаа дел од заевизмот, направија кариери.

– Во Македонија имате една комбинација од многу опасна, отровна комбинација од партократија – партиските послушници, плутократија – богаташите и теократија – верските заедници. И тоа сега се е така испреплетено што тоа клопче многу тешко ќе се контролира, рече Милчин.

Милчин посочи дека Заев секој ден раскажува различни приказни за се. -Не знам кој веќе му верува.