Во продолжение интегрален текст и видео од прес конференцијата на Милевски:

СДСМ синоним за НЕРАБОТА И НЕСПОСБНОСТ, во Битола го гледаме во прво лице преку вас госпоѓо Наташа Петровска.

Еве што и ветивте на Битола :

Енерегетска ефикасност во училиштата. Да, реализирана само во две-три, од 12 основни и 7 средни училишта?

Зголемени капацитети на градинките. Тешко на родителите секојдневно што мака мачат да најдат некој да им ги чува дечињата ?

За пензионерите ветивте нови старечки домови …

Каде е гасификацијата – не ви е ни во план, а камоли да ја почнете,

Каде се велосипедските патеки?

Каде е новата спортска сала??

Каде е затворениот базен??

Каде е пречистителната станица?

Пресови ни правевте за партиски вработувања, а непотизмот ви стана заштитен знак.

Град на спортот? Фудбалерите плата за април немаат земено …

И ќе продолжам со набројување но, на битолчани им е доста од вас и вашите празни ветувања.

Ние како ВМРО ДПМНЕ во идниот 4 годишен мандат на новиот градоначалник ќе ги довршиме улиците што вие предизборно само ги раскопавте и ќе ги санираме сите ваши грешни проекти, за потоа да се фатиме со сериозна работа со вистинските капитални и инфраструктурни проекти, кои за жал доцнат цели 4 години во Битола.

Конкретни проекти, со рокови за нивна реализација, со програма која ја работиме заедно, во сојузништво со битолчани, секојдневно забележувајќи ги нивните проблеми и барајќи сериозни решенија.

Наташа Петровска, вие како професорка по математика барем би требало толку да знаете, дека математиката е многу прецизна наука, односно многу проста е задачата, кога резултатот е НУЛА.

Тука нема што да се додава, што да се одзема, да се множи или дели, кога на крајот имаш НУЛА.

– Целиот ваш мандат е НУЛА!, заклучи Милевски.