Фудбалската репрезентација на Македонија забележа победа над Малта (0:2) на гости во Ла Валета. Стрелци на головите за Македонија беа Елиф Елмас во петтата минута и Јован Манев во 41.минута од мечот.

Селекторот Благоја Милевски е задоволен од триумфот.

„Честитки за нашите фудбалери за одиграниот натпревар и за победата. Честитки и за Малта, која одигра борбено и квалитетно. За мене најважен е пристапот кој беше максимално одговорен и секако, победата и трите бода. Ме радува фактот што имаме млада репрезентација која може да игра неколку години заедно“, изјави селекторот Милевски.