ДП и ДОМ на локалните избори излегоа со 18 кандидати за градоначалници и освои 26.000 гласови од граѓаните, а освои само едно градоначалничко место и тоа во Шуто Оризари, кој во првиот круг го победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, а во вториот и кандидатот на СДСМ.
-Имаме чиста ситуација каде граѓаните и покрај притисоците и се што реално се прави кога населението е посиромашно има повеќе можност за влијание, но успеаја жителите да гласаат по сопствена волја и сопствено убедување и да го изберат Курто за градоначалник на таа општина. Од наша страна тој ќе има безрезервна поддршка и се надеваме дека ќе направиме многу проекти кои ќе ги подобрат условите за живот на граѓаните на Шуто Оризари. Ние и оваа година добивме проекти за таму, како министерство одвоивме средства, некаде околу 200.000 евра за реконструирање улици, водоводи, за канализација бидејќи тоа е она што им е неопходно на тие жители и тие да живеат еден пристоен живот и како и во сите други населени места во државата, рече лидерот на ЛДП Горан Милевски во гостувањето во Утрински брифинг за слободен печат.
-Очекувавме во Битола подобар резултат. Граѓаните ни упатија порака дека како влада и дел од владината коалиција мора да работиме повеќе за битолчани да почувствуваат дека има промени во односот на Владата кон Битола, вели Милевски која како кандидат за градоначалник на Битола не успеа да влезе во вториот круг, вели Милевски.
-Проценката е дека околу 30.000 гласачи се изјасниле за некоја од листите на ЛДП и ДОМ. Сите не предвидуваа дека ќе завршиме како малите партии кои освојуваа по 3.000 гласови на избори. Сметам дека направивме добар резултат, имаме инфраструктура, имаме идеологија и ја имаме довербата кај граѓаните. Сега сме на едно средно ниво на партија и пред нас се само Левица со некои 48.000 до 50.000 гласови. Ние со овие гласови се дефиниравме во коалцијата и сите оние места како министерски, заменички се заслужени. Сметааме дека сега малце повеќе треба да се слуша гласот на третата опција, на Либералната, на зелената опција и да бидеме вградени во проектите на владата што ни недостасуваше, зошто практично бевме доведувани пред свршен чин за некои работи. Сметам дека е потребен партнерски односи и заеднички градење на политиките е она што го очекуваме од новата влада која од нас ќе добие уште една, последна шанса, рече Милевски.