-Проблемите во јавните претпријатија се однесуваат повеќе на зголемените трошоци за електричната енергија. И покрај ако ги поделиме предизвиците со кои што се соочуваме и имаме предизвици на долг рок и на краток рок, на долг рок се инфраструктурата и наталожените работи кои што долги години не се вложувало или пак се вложувало премалку во водоснабдителниот систем т.е. во инфраструктурата. А, пак на краток рок се соочуваме сега со електрична енергија, цената на електрична енергија односно проблемот не е така брз одсега туку како АДКОМ сме се обраќале за дијалог, за разговор уште во јануари месец, декември месец 2021 година и јануари оваа година, истакна Пеце Милевски, претседател на АДКОМ во Тема на денот на Сител телевизија.

Милевски додаде дека како АДКОМ бараат дијалог, бараат начин да не дојде во иднина на зголемување на цените на јавните комунални услуги.

-Токму затоа потребна е некаква интервенција од страна на Владата нормално. Затоа што нивните средства и Буџетот со кој што располагаат можат да помогнат со евентулани субвенции. Односно разликата помеѓу планираните трошоци за електрична енергија во нашите бизнис планови или плановите кои што ги правиме на почетокот на годината, на пример во ЈКП Водовод Битола јулската сметка за електрична енергија била 2 ипол милиони, но овој месец е 12 милиони денари. А, тоа значи 5 пати повеќе ќе се плати за оваа сметка, појасни Милевски.

Тој посочи дека сака да каже дека и покрај целата сила и знаење кое што се вложува од страна на сите директори од сите јавни претпријатија не е доволна. Рационализацијата на средствата и на трошоците не им дава можност да ги надоместат односно надокнадат трошоците за електрична енергија.

-И покрај нашето вложување со цел човечки потенцијал ние нема да успееме да ги надоместиме трошоците за електрична енергија, нагласи претседателот на АДКОМ.

-Регулаторната комисија која што ја регулира и цената и е владино тело може да помогне, еве пред некое време имавме формирање на нови тарифи, можеби е добро да се размисли за регулирање на една тарифа за јавните претпријатија кои што вршат водоснабдување и одведување на отпадни води односно прочистелните станици, да одредена тарифа која што би била да речеме од Блок 3 да се вратиме во универзалниот снабдувач. Така би било најдобро за сите и на долг рок би се решил овој проблем, рече Милевски.

Милевски истакна дека сега јавните претпријатија набавуваат струја на либерален пазар со јавни набавки, оператори кои што си надаваат.