Поранешната градоначалничка на Арачиново Миликије Халими, самата преку социјалната мрежа фејсбук се пофали дека станала директорка на АД Аеродроми, заблагодарувајќи и се на нејзината партија СДСМ што ја кандидирала.
„Ја споделувам со вас веста за именувањето на генерален директор на државното акционерско друштво „Аеродроми“ на РCM.
И благодарам на партијата СДСМ за укажаната доверба да раководам со оваа институција. Ќе работиме и ќе се фокусираме на интегрирање и склопување на системите на оваа институција со фокус на зголемување на квалитетот на услугите за сите корисници, како и зголемување на ефикасноста и ефективноста на работењето на институцијата генерално!“, напиша Халими на фејсбук.