Милион Французи се на улиците гневни на најавената пензиска реформа која наместо на 62 во пензија

Во Франција десетти ден по ред околу милион граѓани протестираат во повеќе градови во оваа држава. Протестите често ескалираат и со жестоки судири меѓу демонстратните и полицијата. Според размерот на демонстрациите оваа најголем изблик на незадовлство на граѓаните на Франција во последните 10 години. Незадоволството го предизвика најавената реформа на владата на Макрон на пензискиот систем.

 

Овие реформи предвидуваат да сеа зголеми минималната возраст за пензионирање од 62 на 64 години. Владата вели дека мерките се потребни. Но, повеќето Французи, па дури и голем број економисти, не се согласуваат со ставот на владата..

Според администрацијата на претседателот Емануел Макрон реформите се неопходни за да се спаси францускиот пензиски систем каде што работниците плаќаат за пензии преку нивните давачки. Владата смета дека оваа реформа мора да се спроведе бидејќи соодносот меѓу работниците и пензионерите се намалува и тоа го загрозува пензискиот систем.

 

Со овој проект ќе ја гарантираме иднината на нашиот пензионерски модел“, рече премиерката Елизабет Борн .

Владата има за цел да ја зголеми вкупната минимална возраст за пензионирање на системот од 62 на 64 години до 2030 година. А од 2027 година натаму, луѓето ќе треба да работат 43 години – наместо сегашните 42 – за да добијат целосна пензија. Владата, исто така, има за цел да ја зголеми минималната пензија за околу 100 евра или во просек на 1.200 евра месечно.

Парите се секако главниот аргумент на Макрон. Реформата се заснова на извештајот на експертската комисија со мандат од владата, која предвидува дека исплатите на пензиите ќе изнесуваат до 14,7% од БДП во 2032 година, наместо сегашните 13,8%.

 

Некои економисти, , сметаат дека старосната граница за пензионирање треба да се зголеми. „Во 1950 година, четворица работници финансираа еден пензионер. Во 2000 година, тој сооднос беше два спрема еден. Во 2040 година, не повеќе од 1,3 работници ќе финансираат една пензија. Финансиската тежина врз нив ќе стане неподнослива“,професорот Жан-Марк Даниел во интервју за Ле Монд

А сепак, други француски економисти се спротивставија на реформите. Парадоксално, тие своите аргументи ги засноваат на истиот извештај што владата го изнесе за да ги оправда своите планови.

Во тој документ се наведува дека „според политичките преференции, сосема е легитимно да се спроведе пензиска реформа или не“, додавајќи дека резултатите од извештајот „не потврдуваат дека трошењето ќе излезе од контрола“.

 

Реформата предизвика и дебата меѓу економистите, Наспреоти професорот Даниел, Мајкл Земур, економист на Универзитетот Пантеон-Сорбона Париз 1, верува дека владата има задни намери. „Нашиот пензиски систем е прилично здрав, бидејќи претходните реформи веќе ја зголеми возраста за пензионирање“, рече тој во изјава за Дојче Веле нагласувајќи дека „Владата сака само да го балансира својот буџет, исто така да го неутрализира влијанието на даночните попусти за компаниите. Тие, малку по малку, го уриваат нашиот социјален модел” вели Земур. Тој исто така смета дека вреди да се вложат јавни пари во систем кој ги намалува нееднаквостите.

 

Денеска е 10 ден од масовните протести кои добиваат на интензитет. Владата засега не сака да отстапи од своите намери за реформа на пензискиот систем.