Секако дека ВМРО-ДПМНЕ како сериозна партија не треба да потпаѓа на ваквите провокации и треба трезвено да го следи и процесот со цел да се спречат злоупотребите на институциите за изборни цели, а и зошто би се надевале дека фер изборен процес би се организирал од актуелните кадровски решенија во власта доколку се има во предвид дека секојдневно испливува на површина скандали за местење тендери и разни злоупотреби. Процесот најдобро може да се контролира од внатре и затоа ВМРО-ДПМНЕ треба учествува во техничката влада за да ги спречи злоупотребите доколку ги има истите, а не да се даде шанса и отпосле да се критикува. Во оваа насока сигнали даде и пратеникот на оваа партија, Антонијо Милошоски во интервју на ТВ Сител, но сепак ќе треба да се види што ќе одлучат партиските тела по ова прашање.

Ќе заседаваат Извршниот и Централниот комитет, но сметам дека кога владата ја предводи човек како Талат Џафери кој безброј пати го прекршуваше Деловникот, кој не го пополнува местото член на ДИК кое и следува на опозицијата, а со месеци го влечка овој оглас и не го става на дневен ред, тогаш тој што би имал намера да не учествува во ваква влада за организирање на избори, може само да им даде поголема шанса на Џафери, Груби, Спасовски да прават малверзации, рече Милошоски.