„Би сакал да испратам една порака од тука од општина Василево, постои едно огромно разочарување за дискриминирачкиот однос кој што оваа Влада на Груби и Ковачевски го има кон помалите општини, особено кон Василево, Босилово, Ново село, Конче, Радовиш и другите во југоисточниот регион на Македонија. Затоа што од Владата секогаш се даваат средства за општините Арачиново и Липково, општини кои што имаат многу мала наплата на данок на имот и други државни придонеси.
А, општините во југотистокот на Македонија секогаш има висока реализација на даночните обврски кон државата, но од државата немаат помош“, истакна Антонијо Милошоски, пратени и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Милошоски додаде дека дискриминарањето на југоистокот на Македонија од страна на властатреба да прекине.„И сметаме дека ваквиот начин на дискриминирање на југоистокот на Македонија треба да прекине и најдобрата можност граѓаните ја гледаат во изборите кои што ќе се случат. И оваа власт на Ковачевски и на Груби треба да биде казнета за да може следната влада рамноправно да ги третира сите граѓани и општини и да се развива државата на еден подобар начин“, заклучи Милошоски.
„И сметаме дека ваквиот начин на дискриминирање на југоистокот на Македонија треба да прекине и најдобрата можност граѓаните ја гледаат во изборите кои што ќе се случат. И оваа власт на Ковачевски и на Груби треба да биде казнета за да може следната влада рамноправно да ги третира сите граѓани и општини и да се развива државата на еден подобар начин“, заклучи Милошоски.