ВМРО-ДПМНЕ има информации дека луѓе блиски до првите функционери во Владата знаеле каде ќе поминуваат коридорите 8 и 10-Д и веќе купувале земјише за подоцна да го продаваат поскапо, тврди пратеникот Антонијо Милошоски.
Тој рече дека доколку евентуална меѓународна арбитража за Коридорите 8 и 10-д се одвива според законите на Англија и Велс, тоа ќе е во корист на конзорциумот, но не и на Република Македонија.
Говорејќи за предложените законски измени поврзани со реализацијата на двата автопата, според Милошоски, ваквите измени не ги забрзуваат работите, туку ги зголемуваат трошоците. Во однос на испраќањето на договорот со „Бехтел и Енка“ до Јавното обвинителство, Милошоски вели дека тоа се прави со цел Владата да купи време и да избегне негово објавување.