Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ денес беше гостин во Алфа телевизија каде зборуваше за тоа што се крие зад намерата на ДУИ да му наштети на ВМРО-ДПМНЕ; каква е кохезијата на пратеничката група на опозицијата и кој е начинот после изборите да се стигне до целта формирање на стабилна влада без ДУИ.
-Самата ДУИ, немајќи други понуди од економскиот сектор, како да им го подобри животот на граѓаните во Тетово, Гостивар, Скопје, Куманово, Струга и на други места, сега гледа да ја префрли топката во опозицијата и се обидува на секој можен начин да најде домашни или надворешни актери кои што ќе можат да влијаат на одредена фрагментација во ВМРО-ДПМНЕ. Но, ќе напоменам, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ никогаш не била посплотена од тоа што е денес. Раководството на ВМРО-ДПМНЕ никогаш не било покохезивно од тоа што е денес, рече Милошоски.
Тој го повторни нивниот апел:
„За да имаме постабилна Влада, бидејќи СДСМ и ДУИ сигурно е дека ќе изгубат, луѓето да се обединат околу коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, да имаме што поголем број на пратеници, за да ја оствариме нашата цел – влада без ДУИ“.