На денешната трибина со наслов „Ќе има ли владина одговорност за трајното нарушување на националните интереси?“ која се одржа во просториите на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ свое обраќање имаше пратеникот и член на ИК Антонијо Милошоски кој што истакна дека преседан е што македонската влада не сака во собранието да дискутира за судбината на Македонија, што не е консултиран ниту еден од раководството на директоратот за меѓународно право во МНР,а полната одговорност за ваквиот дипломатски неуспех лежи кај тројката, Димитар Ковачевски, Бујар Османи и Бојан Маричиќ и побара нивна оставка.
-Прво јас ќе изнесам една нова информација денес а тоа е следното, извршната власт не само што преговарала за овој облик на францускиот предлог за пореговарачка рамка и за двостраниот македонски бугарски протокол, туку и во тие разговори го исклучи сосема парламентот како најлегитимното место каде што треба да се водат разговори кога станува збор за прашања кои што надминуваат мандат на еден политичар, на една влада, или на едно законодавство. Тие сакаа да се сокријат од пратениците затоа што очигледно е дека овие преговори се воделе во еден тесен круг, и веројатно тројката била Ковачевски Бујар Османи, Бојан Маричиќ. Но дури и во тие разговори каде што извршната власт доминирала, министерот Османи истакна пред два три дена дека биле консултирани дипломатските експерти од МНР, но ние гледаме дека преку соопштение од синдикатот од МНР за прв пат во 30 години, професионални дипломати во МНР се оградуваат од својот министер. И потенцираат дека ниту еден професионален дипломат не бил консултиран за овие клучни документи кои треба да го одредат судбоносниот момент за патоказот на движење на Македонија кон ЕУ или дали воопшто тоа ќе се случи, нагласи Милошоски.
Милошоски додаде и дека ниту за преговарачката рамка од Франција, ниту за двостраниот македонско бугарски протокол не е консултиран ниту еден од раководството на директоратот за меѓународно право во МНР.
-Да бидам поконкретен ниту за преговарачката рамка од Франција ниту за двостраниот македонско бугарски протокол не е консултиран ниту еден од раководството на директоратот за меѓународно право во МНР. Гледаме дека тоа не е направено и затоа сметам дека полната одговорност за ваквиот дипломатски неуспех лежи кај оваа тројка, Ковачевски, Бујар Османи и Бојан Маричиќ, нагласи Милошоски
Милошоски истакна дека полната одговорност за ваквиот дипломатски неуспех лежи кај тројката, Ковачевски, Бујар Османи и Бојан Маричиќ и побара нивна оставка.
-Македонија и Бугарија во денешно време ги доживуваат за жал најнепријатните и најтензичните односи од 1948 година наваму. Манипулациите на власта продолжуваат и ден денес и сметам дека треба да се стави крај на манипулациите, а крајот на тие манипулации, најморално би било ако дојде со оставката на Ковачевски Маричиќ и Бујар Османи. Оваа тројка не се компетентни за задачите и проектите кои што ги воделе и гледаме дека сме донесени во еден ќорсокак, рече Милошоски.
Пратеникот Антонио Милошоски кажа дека преседан е што Македонската влада се срами, се плаши и не сака во македонското собрание да разговара за судбината на Македонија.
-Македонската влада се срами, се плаши и не сака во македонското собрание да разговараме за судбината на Македонија. Тоа е невиден преседан. Во соседните земји интересот за Македонија и македонското прашање да биде поголем и демократската процедура во бугарското собрание да биде повисока а во македонското собрание заради страшливоста на владата и криењето на овие документи ние да немаме никаква дискусија. Одговорност за ваквиот дипломатски неуспех мора да има Ковачевски е должен според мене на отворена или затворена седница на собранието да ни ги достави и записниците за разговорите со Макрон, и Кирил Петков. За да знаеме кој бил придонесот на Ковачевски и Османи за обликувањето на досега најлошиот предлог за Македонија после Лисабонската декларација,нагласи Милошоски.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Милошоски нагласи дека има голема разлика дали еден нацрт предлог кој што е прилично лош и едностран на штета на Македонија дали ќе го одбиете во моментот кога ќе биде изнудено од вас да го одбиете или уште во самиот почеток кога тој нацрт документ ќе ги добие своите контури.
„-Мојата главна забелешка е дека има голема разлика дали еден нацрт предлог кој што е прилично лош и едностран на штета на Македонија дали вие ќе го одбиете во моментот кога ќе биде изнудено од вас да го одбиете или уште во самиот почеток кога тој нацрт документ ќе ги добие своите контури а вие како премиер го знаете тоа и вашиот министер за надворешни ако тогаш пред две недели се одбиеше овој предлог тој немаше да има основа да биде предмет на дискусија во бугарското собрание. Сега веќе тој е потврден и оваа влада и секоја идна влада ќе биде хендикепирана од ваквото калкулирање и некопетентност на Ковачевски и Османи, заклучи Милошоски.