– Тие се поврзани со инфраструктура, која е значајна и потребна, во овие општини, како и проблеми со образованието и во голем дел проблеми со земјоделието, потешките услови за работа и ненавременото исплаќање на субвенции. Овие разговори ни се важни затоа што по нив можеме во Собранието да упатиме пратенички прашања и иницијативи за кои се надеваме дека ќе ја примораат власта да биде по ажурна и да обрне поголемо внимание на граѓаните од овој крај којшто сметаме дека се заборавени и не го добиваат заслуженото, рече Милошоски.
Според ВМРО-ДПМНЕ да се продава државно земјоделско земјиште за едно евро не е добар, во тој случај само одредени олигарси би рекол коишто имаат црни фондови на средства би го искористиле тоа да ги легализираат и да станат големи земјопоседници, но народот и државата во целина не би имале корист и ние сме против такво решение.
– Има многу други начини како да се помогне на земјоделието, како подомаќински да се стопанисува со Буџетот, наместо да се распродава државното земјиште за да се оправда ова расипничко трошење на државниот Буџет коешто власта го прави, истакна Милошоски.