Од 8 до 14 ноември од Ковид-19 заболеле 3.218 лица, што е за 286 помалку од периодот меѓу 1 и 7 ноември.
Минатата недела се тестирани 21 346 лица, за 3,5 отсто помалку од претходната седмица. Процентот на позитивност се движи од 10,7 до 20,4 отсто, а просечно 14,8.
Најмногу новозаразени има во Скопје. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, а најзастапени се лицата над 60 години (4,6 проценти). Најмалку заболени се регистрирани кај возрасната група од 0-9 години (3,2 проценти). Според полот, 52,1 отсто од заболените се жени, а 47,9 машки.
Пријавени се 77 смртни случаи, најмногу од возрасната група над 60 години.
Активни на Ковид-19 се 8 331 лице, хоспитализирани се 534, од кои 343 се на кислородна поддршка и 21 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.
Минатата недела се евидентирани и 2 660 оздравени лица.
ИЈЗ регистрирал и 36 реинфекции, за 26,5 отсто помалку во однос на претходната недела. Заклучно со 14 ноември вкупно се пријавени 822 реинфекции, што е 0,39 отсто од вкупниот број на досега зараз ени кој изнесува 209 449 лица.