ССМ: Трошоците за живот растат, новогодишната кошница без ефект

Трошоците за живот продолжуваат да растат. Според пресметките на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), на едно четворочлено семејство во јануари му се потребни 63.252 денари за да ги задоволи основните животни потреби.

Зголемување на трошоците за живот

Во споредба со декември, минималната потрошувачка кошничка е зголемена за речиси 400 денари.

– Овие податоци јасно укажуваат дека трговците ја изиграа државата и граѓаните. Наместо да се намалат цените на основните прехранбени производи и пијалоци како што беше ветено со новогодишната кошница, тие дополнително поскапеа – истакна претседателот на ССМ.

Апел за заштита на граѓаните

ССМ предупредува дека оваа ситуација дополнително го влошува стандардот на граѓаните, барајќи од властите да преземат конкретни мерки за заштита на семејните буџети и контрола на цените.

Во меѓувреме, од владата има најави за нови мерки за да се заштитат потрошувачите.