Министерот Андоновски и евроамбасадорот Рокас на презентација на реализирани сајбер-безбедносни реформи

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и евроамбасадорот Михалис Рокас денеска ќе се обратат на завршниот настан на проектот „ЕУ поддршка за развој на капацитети за сајбер-безбедност во С. Македонија“.

На настанот, што ќе се одржи во Министерството за дигитална трансформација, ќе бидат презентирани реализираните сајбер-безбедносни реформи, ќе биде истакната поддршката од Европската Унија и ќе се претстават идните насоки на соработка, вклучително и придонесот на програмата „Cyber Balkans“.

Проектот се реализира во соработка со Делегацијата на ЕУ во земјава и со e-Governance Academy (eGA), во рамки на програмата на ЕУ за „Cyber Balkans“.

По воведните обраќања министерот Андоновски и евроамбасадорот Рокас ќе извршат увид во подготовката на MKD GOV SСIRT.