Министерот за здравство, Беким Сали го посети Ковид центарот во болницата во Кавадарци за да им даде поддршка за побрзо закрепнување на хоспитализираните пациенти.
Министерот наедно го пофали и трудот на здравствените работници кои се спарвуваат со епидемијата.
– Здравствените работници во овој, како и во останатите ковид центри го вложуваат својот максимум за да им помогнат и соодветно да ги згрижат болните. Заедно со нив уште еднаш испраќаме апел за важноста на вакцинацијата, која е од несомнено големо значење во намалувањето на последиците од вирусот и заштита на здравјето на населението, изјави министерот Сали.