Владо Мисајловски ја истакна важноста на соработката со Норвешка за развој на армиските капацитети и регионалната безбедност

Силната соработка со сојузничка Норвешка овозможува значаен развој на армиските капацитети и придонесува за зацврстување на безбедноста во регионот. Објави министерот за одбрана Владо Мисајловски на својот профил на Фејсбук. Министерот денеска се сретна со одбранбеното аташе на Норвешка.

Полковникот Даг-Магне Лунде, со кого, како што истакна, ја искажал искрената благодарност за неговата посветена и професионална поддршка, која досега имала големо значење за земјата.

„Соработката со Норвешка е особено видлива во развојот на Балканските медицински наменски сили, каде што Норвешка е клучен партнер. Таа е исто така значајна и преку долгогодишната поддршка за Регионалниот центар за односи со јавноста, кој е нашиот прв НАТО акредитиран центар. Продолжуваме со засилена соработка и уште поголем интензитет за да го зајакнеме нашето билатерално партнерство“, нагласи Мисајловски.