Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Бујар Османи, во својство на претседавач со ОБСЕ, денеска во Виена ќе ја презентира програмата на нашето претседавање со организацијата.
Како што информираат од Министерството за надворешни работи, во обраќање пред Постојаниот совет на ОБСЕ, министерот Османи ќе зборува за предизвиците со кои се соочува Организацијата, нашата визија и планови како претседавач во 2023 година. Притоа, како што дополнуваат, тој ќе оствари средба и со генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид, на која ќе се разменат мислења за проектираните активности во насока на промоција и операционализација на зацртаната приоритетна агенда.
– За време на неговата посета на Виена, министерот Османи ќе оствари средба со министерот за надворешни работи на Република Австрија, земјата-домаќин на ОБСЕ. Исто така, тој ќе реализира билатерална средба со претседателот на Швајцарската Конфедерација, Алаин Берсет. На средбите ќе се разменат мислења за актуелните случувања во регионот на ОБСЕ, и за улогата на ОБСЕ справувањето со последиците предизвикани со агресијата на Руската федерација врз Украина, стои во соопштението од МНР.
Во работниот дел, како што наведуваат, министерот Османи ќе оствари средби и со раководните структури на независните институции, теренските мисии, останатите извршни тела на ОБСЕ, како и со специјалните претставници на претседавачот.