-Ја примив вакцината Синофарм, но потенцирам дека сите вакцини се добри, изјави министерот за здравство, Венко Филипче пред арената „Борис Трајковски“.

Tој упати апел до сите да се пријават на сајтот „vakcinacija.mk“, а потоа системот „Мој термин“ ќе ги приоретизира понатаму.

-Одлуката беше членовите на Владата да се вакцинираат после пратениците, за да дадеме пример. Скоро сите министри добија термин и ќе добијат во наредните 14 денови. Тоа беше национална стратегија, истакна Филипче, потенцирајќи дека втората доза од вакцината ќе ја прими после 3 недели.