Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, остро реагираше на денешната прес-конференција на СДСМ, нарекувајќи ги изнесените информации „целосно невистинити“. Тој ја повика Богданка Кузеска и партијата во рок од 24 часа јавно да се извинат, во спротивно ќе покрене граѓанска постапка за навреда, клевета и нарушување на угледот.

Муцунски тврди дека обвинувањата за него и институцијата што ја предводи „не соодветствуваат со фактичката состојба“ и дека проектот за кровната конструкција на МНР е тековно одржување, а не спорен трошок. Според него, проблемот настанал како резултат на „несоодветното одржување“ на зградата во претходните години, кога министерството било во рацете на ДУИ и СДСМ.

Постапката за јавна набавка е спроведена целосно законски, транспарентно и во согласност со сите важечки правни процедури“, нагласи Муцунски.

Дополнително, министерот за надворешни работи ги оцени како манипулативни и тенденциозни обидите да се поврзе со одлуки на локалната самоуправа и други правни субјекти, оценувајќи ги како „неоснована и злонамерна конструкција“.

Како министер, останувам цврсто посветен на транспарентноста, отчетноста и законитоста. Граѓаните имаат право на вистински и проверени информации, а не на политички манипулации“, порача Муцунски.