Пребројувањето кој на која страна предизбоно влече во Алијансата за Албанците почна преку социјалните мрежи. По претседателот Арбен Таравари кој побара предизборна коалиција со опзицискиот албански блок, за самостоен настап се огласија генералниот секретар на партијата и министер за правда Кренер Лога, екс-лидерот, сега прв човек на партиското Собрание, Зијадин Села.
Во изјаснувањето, преку социјалните мрежи се вклучи и министерот за здравство Фатмир Меџити кој застана зад лидерот Таравари. Пребројувањето Меџити го продолжи со споделување на статусот на претседателот на неговата партија Арбен Таравари, во кој тој вели дека ќе оди со албанската опозиција, слушајќи го, како што рече, гласот на граѓаните.
Лавината на поделби во АА почна да се тркала.