Тик-ток анестезиологот од тетовската болница кој се соочува со постапка за одземање на лиценцата и претходно имал контроверзно однесување на работното место. Министерот за здравство Фатмир Меџити вели дека до него стигнале непотврдени информации дека анестезиологот на работа доаѓал под дејство на наркотични средства, ама нема како тоа да го потврди зашто во болницата во Тетово немало формирано дисциплинска комисија до пред две недели и установата функционирала на таков начин без да се разгледува дисциплински однесувањето на лекарите.

На новинарско прашање дека има непотврдени информации за претходно несовесно однесување на анестезиологот, односно дека на работа доаѓал под дејство на наркотици Меџити рече:

-Токму така, непотврдени информации и јас ги добив како вас. Нема ништо запишано, никаква постапка покренато досега дисциплинска досега, не знам зошто. Тоа што можам да го споделам со вас е дека до пред две недели немало ни дисциплинска комисија во таа болница. Не знам зошто така било. Отсега натаму со мене во министерството за здравство и со мојот тим работите нема вака да продолжат. Ќе се решат во истиот момент и најстрого ќе се санкционираат, рече Меџити.