Министерот за земјоделство тврди дека нема злоупотреби на европските фондови во ИПАРД програмите.
Откако евроамбасадорот Гир обзнани дека Европската служба против измами, ОЛАФ води 18 истраги за можно злоупотреби на европските фондови во земјава, Николовски вели дека досега има само еден таков случај од пред 8 години.
Николовски го најави последниот повик од ИПАРД 2 програмата кој утре ќе го објави Платежната агенција. Земјоделците ќе можат да искористат 8,8 милиони евра, а крајниот рок за поднесување на барањата е 18 септември. Но земјоделците ќе мораат да бидат брзо во реализацијата бидејќи, како што вели министерот, инвестициите мора да се реализираат до крајот на мај следната година.
Македонија ќе биде прва држава од Балканот кој ќе може да користи средства од новата ИПАРД 3 програма. Во оваа програма на располагање ќе има 97 милиони евра за инвестиции во земјоделието.