Министерството за правда реагира на денешните обвинувања на потпретседателот на Ана Чупеска дека власта не работи доволно на рформскаа агенда. Од таму велат дека СДСМ продолжува по патот на деструкција и креирање дезинформации на штета на граѓаните на Република Македонија.
Очекувавме поконструктивен пристап, не заради нас, туку во интерес на доброто на државата. Но, досега, освен саботажа на дневнополитичка основа, ништо друго не видовме. Се надевам дека ќе успеат да се надминат себеси и, во интерес на граѓаните, ќе се обидат да бидат покооперативни во иднина.
Ние, како Министерство за правда, остануваме посветени на реформите – не во интерес на поединци или тесни групи, туку затоа што тоа им го должиме на граѓаните. Се надевам дека еден ден и СДСМ ќе успее да го види тоа, информираат од Правда.
Но, самиот факт дека „предводникот“ на работната група на СДСМ за реформи во правосудството е политиколог, а не правник, неспорно укажува дека станува збор за чисто политички забелешки и празна демагогија, а не за правно издржани ставови. Работата на Министерството, како и досега, останува отворена и транспарентна за сите. Токму критиките упатени кон Законот за Судскиот совет укажуваат на чисто дневно политиканство и празна фразеологија во дадената изјава. Законот е резултат на темелна анализа и повеќемесечна стручна работа, земајќи ги предвид препораките од оценската мисија, коментарите од Венецијанската комисија, сè со цел да се обезбеди независност на судството и заштита на правната држава, информираат од Министерството на правда.
Во текот на работата, изминатите месеци беа разгледани бројни коментари од политичките партии, вклучувајќи ги и тие на СДСМ – иако беа доставени крајно задоцнето – како и коментари од заинтересирани граѓани и бројни правни експерти. Никој нема да дозволи политички договори и мешање во судските институции.
Во однос на критиките за Законот за јавното обвинителство, укажуваме дека во текстот објавен на ЕНЕР имплементирани се сите препораки од реформската агенда. Дополнително, Законот, заедно со Законот за Советот на јавните обвинители, ќе биде доставен на мислење до Венецијанската комисија пред нивното финализирање и процесуирање во Владина постапка. Го повикуваме СДСМ да престане со саботажите и да застане на страната на државните интереси, а не на партиските пресметки. Судството не смее да биде полигон за политички пазарења, туку независна гранка на власт која ќе обезбедува правда за сите граѓани. Тврдењата дека одбиваме соработка се лага, а обидите за блокада на реформите се обиди на СДСМ да го спречат напредокот поради сопствени партиски интереси, информираат од Правда.