Како што соопшти Министерството за здравство, оваа активност за социјалниот медиум беше причина да го ограничи профилот, но се работи на надминување на проблемот.
Твитер привремено го блокираше официјалниот профил на министерот Филипче, поради, како што се наведува при евентуалното пристапување, „забележана необична активност“. Корисниците сѐ уште можат да „влезат“ на профилот, но само откако ќе го прочитаат предупредувањето објавено од социјалната мрежа.