Од Министерството за економија најавија дека денеска ќе информираат што сè ќе влезе во најавената „есенска кошничка“, за која веќе в вторник ќе се гласа на владина седница. Што ќе влезе во таа кошничка (домат, пиперката ајварка, месо, овошје, брашно, ориз, грав …) и на кој начин ќе се дојде до намалување на цените ќе се знае веќе од вторник. За неколку дена треба да стапи на сила и Законот за нефер трговски практики. Се разгледуваат можните мерки со намалување на маржите на одредени прехранбени продукти, на даноците или намалување на царините на одредени производи.
Владата веќе најави дека вакви мерки ќе има и за божиќна, велигденска и рамазанска кошница.
Од стопанските комори предупредуваат дека ваквите ад хок мерки може да поттикнат дополнителна инфлација.
Владата веќе одлучи да ги замрзне цените на дел од училишниот прибор, а тие ќе бидат со ограничени маржи до 20-ти октомври.
Граѓаните очекуваат сериозна интервенција во намалување на цените на основните продукти.