Министерот за фиансии на САД, Џенет Јелен во интервју за агенцијата Блумберг истакна дека го подржува планот на ЕУ за оданочување на добивката од замрзнатите руски активи како „разумен“ начин да се финансира обновата на Украина.
Станува збор за данок на непредвидени доходи од чувањето на блокираните руски државни активи во странство.
Идејата за оданочување на руските активи САД ја разгледувале со ЕУ.
Администрација на Бајден се најде под притисок за конфискација на активите, но Јелен изјави дека тоа би било незаконски според актуелната регулатива.
„Правните служби на ЕУ дошле до истиот заклучок и предложиле алтернатива, да се оданочи профитот од употребата на тие активи“, рече Јелен.
Европската комисија планира да го предложи планот на официјално разгледување идната недела.
По почетокот на руската инвазија на Украина западните земји замрзнаа руски државни активи и воведија санкции против Русија. Вредноста на овие средства САД ја оценуваат на 280 милијарди долари. Според Министерството за финансии на САД, најголем дел од нив се наоѓа во ЕУ. Покрај овие активи, поради казнените мерки замрзнати се речиси половина од руските резерви на злато или околу 300 милијарди долари. Исто така блокирани се странските активи на руските олигарси.
Украина настојува замрзнатите руски активи да бидат префлени на Киев за изградба на земјата по завршувањето на војната. Москва смета дека блокирањето на активите е незаконско.