Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, денеска, ќе изврши увид во градежните работи кои се извршуваат на објектот каде е сместен Секторот за воена безбедност и разузнавање.

Како што соопшти Министерството за одбрана, објектот се наоѓа во касарната „Гоце Делчев“ во Скопје. По направениот увид, министерката Шекеринска ќе даде изјава за медиумите.